Започна исплатата на повратот на ДДВ за април, мај и јуни
21.08.2020 09:05
| KumanovoNews
Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно за второто тромесечје за 2020 година.
Како што соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска, досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра.
„Исплатата ќе продолжи и деновиве како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерството за финансии, се` додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од годината“, напиша Ангеловска.
Во јули е забележан најголем број на скенирани сметки со 21,5 милиони сметки, што претставува 80 отсто повеќе во однос на просекот на сите останати месеци.