×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се чисти околината на депонијата „Краста“, изнесени се 5 камиони смет

    02.07.2024 11:56 | Оливера Пешевска

    Започна исполнувањето на најитните барања на месното население од  селото Пчиња по минатонеделниот протест поврзан со проблемите и честите пожари на Краста, депонија на која се изнесува целиот смет од Куманово.

    Се чисти околината на депонијата „Краста“, изнесени се 5 камиони смет

    Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ изминатите денови ја чистеше околината на депонијата „Краста“, каде што веќе изнело две третини од натрпаниот смет на потегот меѓу месноста Менкова колиба и самата депонија.

    „Во изминатите неколку дена расчистивме и го собравме сметот на 5 километри од Менкова колиба кон Пчиња, остануваат уште три. Наполнети се 5 камиони со смет, а продолжуваме со расчистувањето и наредните денови. За кусо време ќе биде исчистен целиот потег каде имаше големи наноси од ѓубре“, истакна директорот Ненад Стојановски.

    Се очекува и наскоро да започне поставувањето на  ограда и камери на депонијата Краста, и тоа  откако два милиони денари ќе бидат одобрени на јавното претпријатие со ребаланс на општинскиот буџет на утрешната седница на Советот. Според проекциите тоа би требало да бидат доволно средства за заокружување и исполнување на двете поставените барања на месното население, кои беа оценети како најнеоходни.

    Договорот помеѓу Општина Куманово, ЈП „Чистота и зеленило“ и претставници на МЗ „Пчиња“, за решавање на проблемите  се прецизирани во 16 точки.