×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почна изградбата на новиот кружен тек на „Октомвриска“ и „Трета МУБ“

    10.02.2022 13:43 | Сузана Николиќ

     Започна изградбата на кружниот ток на крстосницата на улиците „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, кај „Митев мост“ во Куманово. Проектот ќе чини 36,5 милиони денари или 580 илјади евра. 

    Почна изградбата на новиот кружен тек на „Октомвриска“ и „Трета МУБ“

     „Добиена е дозволи за градба и согласност за измена на режимот на сообраќајот. Фирмата „Жикол“ го доби тендерот. Градежните работи ќе започнат во март, кога ќе дозволат временските услови“, изјави во декември Момчило Јовановски, заменик раководител на Секторот за комунални дејности во Општина Куманово.   

    Кружниот тек на булеварите „Октомврсика револуција“ и „Трета МУБ“ е црна точка во градот и причина за голем број на сообраќајни несреќи со фатални последици. Граѓаните со години наназад бараат локалната власт да го реши проблемот со изградба на кружен тек наместо семафори.

    Минатата година во Куманово беше изграден првиот кружен тек на влезот на градот, во вредност од околу 20 милиони денари или 300 илјади евра.

    Општината планира да изгради кружен тек и на раскрсницата на укиците „Бајрам Шабани“ и „Гоце Делчев“ во т.н. „Серава“.