×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна ликовна колонија „Куманово 2020“

    27.08.2020 11:49 | KumanovoNews

     Наместо во Меморијалниот комплекс АСНОМ во Пелинце, учесниците на овогодинешнава колонија ”Куманово 2020“ ќе творат во своите атељеа, поради проблемите предизвикани од коронакризата.

    Започна ликовна колонија „Куманово 2020“

    На 46-тата ликовна колонија ќе учествуваат академски ликовни уметници од нашата држава, и тоа: Ангелина Поповска, Никола Пијанманов, Страхил Петровски, Стефан Анчевски, Дејан Божиновски, Симона Јакимовска, Наташа Серафимовска, Лилјана Кененовска Пауновска, Александар Џингои и Сања Јездиќ.

    „Оваа година, за разлика од претходните години, авторите своите дела ќе ги работат во домашни атељеа, при што во текот на работниот процес треба да изготват и краток видео материјал. На тој начин процесот на ликовно изразување, (работата на уметникот) и создавање на делото, ќе биде пропратен и со кратки видео-кадри кои што подоцна ќе бидат составен дел од изложбата и ќе понудат еден поинаков и посовремен начин на перцепција на готовите дела“, вели Драгана Спасовска, виш кустос, историчар на уметноста при НУ Музеј Куманово.                                                                              

    Делата треба да бидат завршени до првата недела од месец септември, по што следува нивна презентација, изложба, која ќе биде организирана на отворен простор, во лапидариумот на НУ Музеј-Куманово по сите протоколи за безбедност на посетителите

    Колонијата, која е препознатлива по својата долгогодишна активност  е во организација и координација на НУ Музеј – Куманово и Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а е финансиски поддржана, како од општината така и од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Таа бележи континуирана активност од 1974 година со што се вбројува во редот на најстарите ликовни манифестации во државата.

    (фото: архива-кумановоњус)