Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пријавувањето за вакцинација против сезонски грип се врши преку страницата vakcinacija.mk.
Со пополнување на формуларот заинтересираните може да се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин, а истото може да го сторат и преку матичните лекари.
Вакцинацијата е бесплатна за ризичните групи меѓу кои стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.
„Веќе петта година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна. Не е доцна, граѓаните да се вакцинираат против сзонски грип и во ноември или декември, бидејќи согласно епидемиолошките податоци оваа болест во последните десетина сезони го достигнува пикот кон крајот на месец февруари“, информираат епидемиолозите.
Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, пријавените ќе добијат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат преку смс порака.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција од вирусот , која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи.