Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По шеесет години од изградбата, за првпат започна реконструкцијата на Центарот за вработување во Куманово.
Зградата ќе добие нова фасада, ќе се замени кровот и прозорците, со што ќе се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект. Ќе се изврши замени и водоводната и канализациона инсталација.
Системот за греење кој досега беше на струја, ќе се смени со нов котел на палети кој значително ќе ги намали трошоците на греење на објектот.
Проектот „Модернизација, санација и адаптација на објектот на Центарот за вработување Куманово“ чини 9.707.442,16 денари, а градежните работи се предвидени да бидат завршени за два месеци.
- Граѓаните на Општина Куманово ќе добијат модерен софистициран објект кој ќе биде комплетно реновиран. Невработените лица и работодавачите услугите ќе можат да ги добијат на место кое ќе биде реновинарано согласно нивните потреби и барања,- изјави директорот на АВРСМ Абдуш Демири, на отпочнување на работите.
Реконструкцијата на Центарот за вработување Куманово е прва реконструкција предвидена согласно планот за јавни набавки од проект на ИПА фондовите, со кој е предвидена реконструкција на 3 објекти во различни региони на државата.