×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна скринингот за коронавирус на вработените во кумановската градинка

    21.05.2020 13:09 | KumanovoNews

     Центарот за јавно здравје Куманово денеска и утре ќе врши тестирање на КОВИД-19 на вработените во градинката „Ангел Шајче“. Таргетираниот скрининг се спроведува во просториите на установата, а ќе бидат опфатени  360 учителки, негувателки и помошен персонал од регионот.

    Започна скринингот за коронавирус на вработените во кумановската градинка

    „ Институтот за јавно здравје одреди скринингот да го спроведеме на 21 и 22 мај. Дневно ќе вршиме по 180 тестирања врз основа на список кој ни е доставен од градинките“,  -изјави Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје во Куманово.

    Со скринингот, кој ќе се прави со PCR тестови, ќе се овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови. Министертството за здравство започна со скрининг на сите вработени во градинките, пред да се донесе одлука за отворање на истите.

     „Почнуваме со вработените во градинките, со цел паралелно на овој процес со кој се прави изготвување на протоколот за работа на градинките, тие да се ставаат во функција. Сметаме дека е ова најдобриот пристап, затоа што и на тие несвесни носители на вирусот ќе бидеме во можност контактите да ги ставиме во изолација. Затоа и го крстивме таргетиран скрининг“, рече министерот Филипче, на почетокот на скринингот.

    Скринингот откри еден позитивен случај на коронавирус во градинката во Битола и еден во Скопје.