×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна со работа градскиот базен, кој го затворијa високите цени на гасот и струјата

    04.05.2022 15:33 | Сузана Николиќ

    По пауза од 3,5 месеци, повторно започна со работа затворениот градски базен во Куманово. 

    Започна со работа градскиот базен, кој го затворијa високите цени на гасот и струјата

    Од ЈП „Чистота и зеленило“, кое менаџира со базенот информира дека тој ќе работи секој ден од 7 до 22 часот, од понеделник до сабота.
      
    Базенот беше затворен на средината на јануари поради енергетска криза, односно енормното зголемување на цените на електричната енергија и природниот гас, кои беа превисоки за буџетот на претпријатието.

    Тогаш беше најавено дека паузата ќе се искористи за сервисирање на постоечката опрема и одредени градежни работи.

    Поради дефекти, минатата година цело лето не беше во функција отворениот базен.