Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На платото пред Центарот за култура е поставено новогодишното пазарче, каде тезгаџиите продаваат новогодишни украси, облека, честитки и друго.
Цените се исти како лани. Проблем е што нема доволно купувачи, можеби затоа што уште е рано. Најмногу се продаваат украси за Нова година. Децата за на училиште купуваат честитки, да разменат со другарчињата, инаку за другите тоа е веќе застарена работа бидејќи можат да честитаат со смс порака или на социјални мрежи - вели продавачот Шабан И.
Тезгаџиите пред Центарот за култура ќе продаваат се до Нова година.