×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна со работа затворениот градски базен во Куманово

    03.09.2020 11:54 | KumanovoNews

    Од вчера започна со работа затворениот градски базен во Куманово, откако на пролет беше затворен поради појавата на коронавирусот.

    Започна со работа затворениот градски базен во Куманово

    Заради спречување на пренесување и ширење на ковид -19 инфекција предизвикана од коронавирусот во базените, потребно е задолжително носењето на лична заштитна опрема на лицето, одржување на физичка дистанца, често миење на рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди или употреба на средство за дезинфекција на рацете на база на алкохол , редовно чистење и дезинфекција на средината.

    Секоја рекреативна посета треба да биде најавена и закажана, поради ограничениот број на пливачи.

    Трибините нема да бидат отворени за посетителите, а влез ќе биде дозволен само за пливачи.

    Според протоколот за работа донесен од страна на Министерството за здравство (МЗ), пред билетарниците треба да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри или заштитна бариера.

    Пред влезот на објектот да се постави дезбариера (подлога) за дезинфекција на сите посетители и да се обезбедени средство за дезинфекција на рацете со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.

    Средство за дезинфекција на рацете да се постави пред влезот на сите простории во објектот.

    Користење на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување на ред и незадржување од страна на назначени лица од редарска служба. Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои 2 часа (по потреба и почесто).

    При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

    Сите вработени лица и посетителите до влегување во базенот задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата.

    Одржување физичка дистанца меѓу вработените и посетителите од 1,5 – 2 метри вклучително и во базенските води.

    Ограничување на бројот на посетители во објектот согласно квадратурата на објектот, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина (вклучително и површината на базенот) или еден пливач на 7м² во базенот.

    Задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на пливачи во базенот (согласно погоре наведениот норматив) и кои ќе го контролираат на спроведување на мерките.

    Секој посетител треба да носи своја опрема и пешкири, не е дозволено користење на туѓа опрема.

    Одржување на хигиенските услови на водата во базенот (хлорирањето) се врши на вообичаениот начин со максимално дозволени концентрации на хлор.

    Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.

    Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите (на секои 2 часа) со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

    Задолжително да се води евиденција за секој тренинг, организирана спортско-рекреативна активност или слободно користење на базенот од страна на граѓаните со цел полесно епидемиолошко следење во случај на појава на заразен со КОВИД-19. За секој посетител да се обезбеди податок за време и дата на посета/тренинг, име и презиме, телефонски број за контакт, име на тренерот/група/инструктор итн.