Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градежна механизација утринава започна со расчистување на шутот и земјата покрај зградите на локалитетот „Водовод“, на чие место е планирано да се уреди парк. Се работи за простор покрај самата река Кумановка, кој со години е запуштен и нема никаква функција.
„ По изнесување на шутот ќе биде донесена нова земја, која ќе биде оплеменета и озеленета со нови садница и тревна површина. Се надевам дека таквиот тренд во градот ќе продолжи, бидејќи целта е да создадеме нови површини во градот и постоечките да ги реновираме и доуредиме. Тоа го работиме дел со сопствени сили, а дел е донација од приватен партнер и со ЈП „Чистота и зеленило“, за да се разубави тој дел од градот„ , - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
Тој додава дека во следната фаза паркот ќе се уреди со патеки и ќе се осветли, за да можат граѓаните да го користат во секој период од денот. За таа намена треба да се предвидат дополнителни средства.