×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна второто полугодие, учениците се вратија на настава

    23.01.2023 18:29 | Ивана Алексовска

     Учениците од основните и средни училишта денеска се вратија на редовна настава, откако заврши зимскиот распуст кој беше продолжен од Владата, заради заштеда на електрична енергија и заштита на здравјето на децата.

    Започна второто полугодие, учениците се вратија на настава

    Во сите кумановски училишта наставата се организира со физичко присуство, освен во ССОУ„ Киро Бурназ“ каде наставата ќе продолжи онлајн, поради тоа што од почетокот на годината се врши реконструкција на училиштето.

    Од Секторот за образование во Куманово велат дека дел од паралелките од основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, ќе ја продолжат наставата во Гимназијата „Гоце Делчев“, заради тоа што не поправен кровот на училишната зграда. 

    „Во тек е тендерската постапка за реконструкција на училишна зграда на „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, која е капиталната инвестиција на Министерството за образование и наука, и штом биде избран изведувач за градежните работи ќе започне и реконструкцијата на кровот“, вели Александар Јовановиќ, раководител во Секторот за образование во Општина Куманово.
     

    Тој додава дека во моментот привршува реконструкцијата на подрачното училиште во с.Љубодраг, и штом ќе се создадат услови учениците ќе се вратат во реконструираното училиште.