Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Согласно со објавениот Конкурс, на располагање се 35.394 слободни места во 1.041 паралелка. Од нив, 11.730 места во гимназиите, 22.814 во стручните училишта, 578 во уметничкото образование и 272 во спортската гимназија.
Во средните училишта во општините Куманово и Липково има над 2,5 илјади слободни места.
Според објавениот конкурс во гиманзијата „Гоце Делчев„ во прва година ќе може да се запишат 408 ученици во 12 паралелки на македонски јазик и една паралелака на српски јазик.
Во гимназијата на албански јазик „Сами Фрешери„ има место за 306 ученици во 9 паралелки.
Во ССОУ „Киро Бурназ„ слободни места има за вкупно 476 ученици, односно ќе може да се запишат во 14 паралелки и наставата ќе ја следат на македонски јазик и 4 паралелки на албански јазик.
Во СОУ „Перо Наков„ ќе може да се запишат 680 ученици, со по 10 паралелки на македонски и албански јазик.
Во ОСТУ „Наце Буѓони„ има место за 640 ученика, од кои 9 паралелки на македонски и 11 на албански јазик.
Во општината Липково, во СОУ „Исмет Јашари„ ќе се запишат 136 ученика во 4 паралелки на албански јазик.