×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнаа уписите во средните училишта

    22.06.2015 09:23 | KumanovoNews

    Започнаа уписите во средните училишта во Куманово, за ученици во прва година во учебната 2015/2016 година.

    Започнаа уписите во средните училишта

    Во Гимназијата “Гоце Делчев“ има 374 слободни места, а во првите два часа документи за упис поднеле 103 ученици. Како и претходните години, и годинава за упис во “Гоце Делчев“ има најголем интерес.

    Има сеуште ученици кои потполнуваат пријави. Денеска и утре до 15 часот ќе примаме документи. За посебната билингвална паралелка досега имаме двајца ученици. Поени за упис се 60. Резултатите ќе бидат истакнати во среда - изјави Кети Домазетовиќ, педагог.

    Учениците кои чекаа ред за да поднесат документи за упис во Гимназијата, велат дека се одлучиле за гимназиско образование за да потоа се запишат на факултет.

    Мислам дека е најдобро училиште во градот. Одлична ученичка сум, имам 68 поени бидејќи имам награди по ликовно, англиски и очекувам да бидам примена - рече Ирина Белчевска, ученичка.

    Од средното училиште “Перо Наков“ велат дека имаат 714 слободни места, а досега се пријавиле за упис шеесетина ученици.

    Имаме економско-правна, трговска и текстилно-кожарска струка. Досега има околу шеесетина пријавени кандидати и сме задоволни, но се надеваме дека бројката ќе биде уште поголема за да ги потполниме сите слободни места според конкурсот објавен од МОН. Ги поканувам сите родители и ученици, да дојдат, да се запознаат бидејќи имаме интересни струки и профили, со кои по завршување можат да си обезбедат егзистенција - вели директорката Лидија Тасевска.

    Во “Киро Бурназ“ има скоро 400 слободни места, а се пријавиле десетина ученици. Директорката Весна Трајковска вели дека поголем број ученици очекуваат попладне и утре.

    Во Техничкото училиште „Наце Буѓони“ има 330 места за македонски наставен јазик, а досега се пријавиле 141 ученик.