Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ограден е просторот на плоштадот пред Центарот за култура, со што се прават подготовки за негова реконструкција.
Со проектот е предвидено да се смени подлогата, урбаната опрема, канделабри, клупи, жардињери и осветлувањето.
Со реконструкцијата, двата плоштади во Куманово, централниот и пред Центарот за култура ќе се спојат со пешачка патека и ќе претставуваат една целина која дополнително ќе го оплемени централното подрачје.
Проектот e предвиден да се реализира во три фази, а ќе започне со реконструкција на малиот плоштад, втората фаза ќе се одвива во делот на т.н. Скопски дуќани и спојување со ул. Ленинова, и последната трета се однесува на ул. Илинденска.
На спроведента анкета за одржлива урбана мобилност 71% од анкетираните грaѓани на Куманово ја поддржаа идејата за пешачка зона, а голем дел се изјасниле за целосно затворање на централното градско подрачје.