Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заскитан куршум завршил во автомобилот на К.Д.Л.(24) од Куманово додека се возела низ центарот на градот.
Инцидентот се случил во сабота во 11 часот на раскрсницата на улиците „Иво Лола Рибар“ и „Моша Пијаде“, кога проектилот прво ја скршил шофершајбната на десната страна на колата и завршил покрај возачот. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово, по што било утврдено дека се работи за заскитан куршум. Проектилот ќе биде даден на вештачење во ОКТ при МВР за да се утврди оружјето од кое е пуканo.
Сведоци на настанот велат дека девојката се исплашила што куршумот и поминал покрај глава, па поради шокот морала да интервенира Брзата помош.
Во Куманово во летниот период за време на семејните веселби често се употребуваат оружје поготово во вечерните часови кога можат да се слушнат и цели рафали.