Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради наноси од снег утрово имало застој на регионалниот пат Куманово - Свети Николе кај село Павлешенци, потврдуваат од Авто мото сојузот на Македонија.
Поголема колона на возила на овој патен правец е регистрирана утрово околу 6 часот.
“Имаше јавувања од возачи дека сообраќајот се одвива бавно поради снег на патот, но прекин на сообраќајот немаше. Од Македонија пат ни кажаа дека испратиле механизација на терен за расчистување на снегот. Сепак поради временските услови се препорачува внимателно возење“ - велат од АМСМ.
Околу 8 часот колоната од возила, претежно камиони, била долга околу 2 километри, нe известија граѓани кои патуваат кон Свети Николе.
Од АМСМ објаснуваат дека на патот Куманово - Крива Паланка кај село Псача се случила сообраќајка околу 6.30 часот, и сообраќајот е во прекин.