Затворен мостот на река Којнарка
01.06.2015 10:23
| KumanovoNews
До 13 часот ќе биде затворен за сообраќај мостот на река Којнарка во населба Долно Којнаре, стои во извештајот од Авто мото сојузот на Македонија.
Од фирмата ГЕИНГ од Скопје известуваат дека сообраќајот е затворен од 9 часот утрово, затоа што се изведуваат теренски истражни работи. Интензитетот на сообраќај денеска на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.