Улицата од Средорек до „Сателит“ затворена поради санација на сливна решетка
21.07.2026 14:08
| KumanovoNews
Улицата „Доне Божинов“ од Средорек до Карпош ќе биде целосно затворена за сообраќај поради санација на сливна решетка.
Според Секторот за внатрешни работи Куманово, посебниот сообраќаен режим ќе важи од вечерва (21 јули) во 20:00 часот до утре (22 јули) во 12:00 часот.
„Во овој период ќе има целосен прекин на сообраќајот на потегот од крстосницата со улицата „Никола Тесла“ до клучката кај бензинската пумпа „Сателит“, соопшти полицијата.
Од СВР Куманово апелираат до возачите и останатите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и поставената сообраќајна сигнализација, со цел безбедно одвивање на сообраќајот.