Затворени 29 фирми заради неиздавање фискални сметки
26.09.2013 15:08
| KumanovoNews
Во Куманово заради неиздавање на фискални сметки затворени се 29 фирми.
Од Управата за јавни приходи информираат дека во масовната акцијата се вклучени 150 инспектори кои се на терен од почетокот на месецот.
Од оваа институција потенцираат дека никој нема да биде поштеден и ќе се проверуваат и малите дуќани.
- Без разлика на дејноста, неселективно ќе се контролираат деловните објекти дали издаваат фискални сметки, дали го прикриваат и прикажуваат реалниот готовински промет, водењето на финансиката документација. Ја информираме јавноста и покрај обидите за притисоци и квалификации со цел локални препукувања и припишување на политичка, регионална и било каква конотација на работата на даночните служби, УЈП ќе продолжи со поддршка на легалните бизниси и сузбивање на сивата економија - велат од УЈП.
И во останатите градови во земјава месецов се затворени голем број дуќани токму заради неиздавање на фискални сметки.