Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четири угостителски објекти се затворени, а 13 се казнети во текот на викендот од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, во акциската контрола во дваесетина угостителски објекти на подрачјето на Куманово.
За време на контролата четири угостителски објекти се времено затворени и запечатени од страна на ДПИ, бидејќи во нив биле затекнати 25 лица кои не поседувале ковид-сертификат, а за 13 објекти е изречена глоба од страна на УЈП, поради неиздавање на фискални сметки, односно нерегуларности во прикажување на промет.
На три објекти од страна на инспекторите им е побарана дополнителна документација, а на уште еден објект е изречена санкција поради непочитување на Законот за угостителска дејност. Дополнително, на три лица ќе им биде изречен поднесок согласно Законот за лична карта.
По документирање на сите констатирани прекршоци против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.