×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затворени обложувалници во Липково и Куманово

    11.02.2013 09:04 | KumanovoNews

     Во голема полициска акција на кумановската полиција и УЈП, викендов се затворени 5  кладилници што работеле на диво во Липково и Куманово.

    Затворени обложувалници во Липково и Куманово

    Сопствениците на два објекта во селото Отља, по еден во селата Оризаре и Матејче, како и во локалитетот „Серава“ во Куманово, работеле без лиценца од Министерство за финансии, односно не поседуваат решение за наплатно-исплатно место согласно Законот за игри на среќа. Во сите овие објекти пронајдени се уплатени парични средства во вкупен износ од 110.962 денари и 60 евра, за кои се издадени уплатни ливчиња-тикети за спортски натпревари.

    Управата за јавни приходи ги запечати и пломбира дивите обложувалници, додека полицијата ги одзела пронајдените пари, уплатните ливчиња-тикети како и телевизори, компјутери, монитори, печатачи и друга опрема.

    Кумановската полиција против организаторите и сопствениците на спортските обложувалници ќе поднесе соодветни кривични пријави.

    Акцијата е спроведена во осум спортски обложувалници на подрачјето на општините Куманово и Липково.