×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затворениците од К`шање изработија урбана опрема

    08.12.2019 11:00 | KumanovoNews

    Дрвени клупи, куќички за кучиња и птици, бетонски жардиниери и фонтана, изработија осудените лица во работилниците на казнено поправната установа Куманово, затвор Кшање, како дел од активностите за општо корисна работа.

    Затворениците од К`шање изработија урбана опрема

    Опремата е донирана на ЈП „Чистота и зеленило“ и ќе биде поставена во паркови и на зелени површини на повеќе локации во градот.

    Директорот Марјан Спасовски, вели дека активностите на осудените лица се дел од процесот на ресоцијализација, а со единствена цел да има што помалку рецидиви и повратници во затворот.

    „Овие активности се спроведуваат заради поквалитетно искористување на слободното време на осудените лица, а водено да дадеме придонес во оплеменување на зелените површини. Ова не е првпат да реализираме вакви активности, а ќе продолжиме и во наредниот период“, -  изјави директорот Спасовски.

    Предходно осудените лица изработија мобилна библиотека, кој беше подарена на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а учествуваа и во расчистување на градските гробишта.