×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши детскиот ликовен камп во Пелинце

    27.06.2011 09:20 | KumanovoNews

     Во меморијалниот центар Пелинце викендов заврши првиот детски ликовен камп „АСНОМ„ на кој учествуваа дваесетина ученици  од основните училишта во градот. Талентираните дечиња од 5 до 8 одделение една недела создаваа уметнички дела во пет ликовни области и да се дружеа со своите врсници.

    Заврши детскиот ликовен камп во Пелинце

    Презадоволни сме од идејата да се организира ваков камп да се соберат дечињата за да покажат што научиле во текот на годината. Во Куманово има многу млади таленти, и беше тешко да се направи селекција и да се изберат најдобрите. Во овие 5 дена ги опфатиме сите ликовни подрачја и затоа секој ден имавме предавања од ликовни педагози. Првиот ден се правеше цртеж, вториот ден сликаа на платно со акрилни бои, трет ден работевме скулптура, па потоа графика, и завршуваме со дизајн. Планираме да направиме и лого и плакат за оваа ликовна манифестација што ќе ни ја претставува изложбата- изјави Магда Величковска, ликовен педагог.

    Младите уметници уживаа во прекрасната природа на спортско-рекреативниот центар Пелинце,од која црпеа инспирацијата за своите дела.

    Овде е прекрасно, сликаме а истовремено се дружиме, стекнавме нови пријателства. Овде научив многу нови работи, научив како да изработувам скулптури,научив како правилно да сликам и како да ги пренесам моите чувства на сликата. Научив многу и за цртањето, за претставување на линиите и контурите, изработување на цртежи, графика и дизајн- вели ученичка од ОУ Кристијан Карпош.

    Дечињата на колонојата ги посети градоначалникот Зоран Дамјановски, кој е покровител на манифестацијата и ми поска многу успешни дела со кои градот ќе се гордее.

    Се работи за нова ликовна манифестација која се одржува за првпат оваа година, и презадоволни сме од продукцијата. Со децата постојано работеа ликовни педагози, воспитувачи и едукатори, кои им помагаат во создавањето на ликовните дела. Од создадените дела ќе се направи групна изложба која ќе биде изложена пред јавноста по повод денот на градот- вели Наташа Анастасовска.

    Организаторот Фондацијата за култура и спотр, најавува ликовниот камп да стане традиционален, а од идната година да вклучат деца од повеќе градови во државата и соседните земји.