×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши изградбата на клучката кај Горно Којнаре

    29.06.2015 08:19 | KumanovoNews

    Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши изгрдбата на клучката кај кумановското село Горно Којнаре, за што се потрошени 12 милиони денари од програмата за  одржување и заштита  на државните патишта.

    Заврши изградбата на клучката кај Горно Којнаре

    Истовремено претпријатијето изврши функционално дополнување на сообраќајното поврзување на регионалниот пат Р 1104, со автопатот Александар Македонски на Коридорот 10. Директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов изврши увид  по завршувањето на градежните работи. Сообраќајното поврзување во правец од Куманово кон границата со Србија до сега овозможуваше само исклучување од автопатот кон регионалниот пат , а по изградбата на новата сообраќајна лента  се овозможи и приклучување на автопатот Александар Македонски од регионалниот пат за населените места кои гравитираат во овој регион . При тоа се изврши проширување на постојната исклучна лента од автопатот и беше изградена уште една сообраќајна лента за возилата кои се приклучуваат на автопатот во правец кон границата со Србија.

    На клучката е поставена нова вертикална и хоризонтална сигнализација.