×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши новогодишната кошничка, Министерството за економија ја смета за успешна, од денеска цените по старо

    16.01.2025 10:00 | KumanovoNews

    Успешна е мерката „Новогодишна кошничка“ и придонела за намалување на инфлацијата за 0,3 проценти во декември, оценува Министерството за економија и труд по завршувањето на акцијата.

    Заврши новогодишната кошничка, Министерството за економија ја смета за успешна, од денеска цените по старо

     Од денеска цените се враќаат на старо. Во кошничката беа вклучени 1.178 производи, од 96 производители и дистрибутери, а со неа беа опфатени 762 продажни места на 51 маркети.

    „Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат во декември, во однос на ноември 2024 година намалувањето на трошоците за живот кај храната и безалкохолните пијалоци изнесува 0,3 посто. Ова покажува дека новогофишната кошничка, каде што беа вклучени во најголем дел прехрамбени и безалкохолни пијалоци го дала својот ефект и цените на храната и пијалоците бележат намалување во декември, во однос на претходниот месец“, стои во соопштението на министерството.

    Новогодишната кошничка беше креирана од производителите, дистрибутерите и трговците со главна цел да се креира поширока листа на одделни прехрамбени производи кои беа како понуда за потрошувачите. Министерството за економија и труд тврдат дека се спречило поголемо зголемување на цените пред новогодишните и божиќните празници и се одржало стабилно ниво на инфлацијата.

    Со намалување на цените беа опфатени основните прехранбени производи од различни групи на производи (леб и житарици, пекарски производи), месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и други.

    Откако беше воведена новогодишната кошница инспекторите на Државниот пазарен инспекторат беа на терен и проверуваа дали трговците пред да ги намалат производите за 10 отсто, веќе ги зголемиле цените на некои од нив.

    Надлежните ветуваат дека и во иднина ќе продолжат со креирање на мерки и политики кои имаат за цел заштита на стандардот на граѓаните.

    Новогодишната кошничка важеше од 15 декември до 15 јануари.