Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првата фаза од дезинсекција од земја е завршена во општините Липково, Старо Нагоричане и Ранковце, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Втората фаза од терестичката дезинсекција ќе се спроведе во месец август.
“Опфатени се околу 360 хектари површина, со претходно мапирани места. Како секоја година, така и оваа година заврши првата фаза, а според оперативен акционен план и стручното мислење од Центарот за јавно здравје, втората фаза е предвидена за почетокот на месец август“ - изјави Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.
Во општините Куманово, Крива Паланка и Кратово е спроведено авионско прскање против комарци.