×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши учебната година за 14.800 ученици во Куманово

    09.06.2022 13:25 | Сузана Николиќ

    Летниот распуст годинава започнува во редовниот термин и покрај одложениот почеток на второто полугодие за десетина дена, поради влошената состојба со ковид-19, како и загубените 12 дена од наставата додека траеше штрајкот на СОНК.

    Заврши учебната година за 14.800 ученици во Куманово

    Денеска и утре завршува наставата за вкупно 13.500 ученици од основното и средни училиште во Куманово, поточно од прво до девето одделние и од прва до трета година. Предходно, на 20 мај средното образование го завршија 1400 матуранти за кои во тек е полагањето на екстерниот дел од државаната матура.

    „Ова што можеме да го сумираме во оваа учебна година дека наставниците и учениците, покрај сите предизвици и тешкотии што ги имаа, задоволни сме од она што заедно го постигнавме во изминатиот перод. На учениците им посакувам да имаат убав и успешен распусти“, изјави Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование во Општина Куманово.

    Од утре, 10 јуни, до 15 јуни ќе трае електронското аплицирање за запишување во средните училишта. 
    Учениците за првпат ќе се пријавуваат преку линк до порталот за електронски услуги на МОН https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава на нивните кориснички сметки на schools.mk.

    За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен утре во 10 часот и учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) до 15 часот на 15 јуни. Системот потоа ќе биде затворен за онлајн-аплицирање.

    Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни на веб-страницата на МОН (www.mon.gov.mk) и на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе биде на 16 јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19 часот, согласно распоред што ќе го подготви секое училиште.