×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Завршува ликовната колонија во Пелинце

    23.08.2010 13:14 | KumanovoNews

    Дeсетина академски сликари од Македонија, Србија и Бугарија на традиционална 34-та  годинава остварија богата продукција. Тие се презадоволни од природните убавини на овој крај и од меѓусебното дружење.

    Завршува ликовната колонија во Пелинце

     Утре завршува Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2010“ која започна на 14 август во Меморијалниот комплекс Пелинце. Десетина академски сликари од Македонија, Србија и Бугарија на традиционална 34-та  годинава остварија богата продукција. Тие се презадоволни од природните убавини на овој крај и од меѓусебното дружење. Александар Прибичевиќ од Белград, Србија кого за Куманово го врзуваат емоциите и спомените на четири години од детството.

    „Oвде сме во близина на свето место, природата е прекрасна и луѓето исто така. Делува инспиративно- вели Прибичевиќ.

    „Имам шокантни колоритни изјави. Колоритот ме избра мене, а не јас него. Се сликам себеси. Прекрасно е овдека„ - вели Мирјана Крстева Масети.


     Организаторите велат дека составот на уметниците  е таков што квалитетот може да се движи само по нагорна линија.

     По 1989 година кога последен пат колонијата се одржа во манастирот „Прохор Пчињски„ се вративме на изворот, во неговата близина,во нов амбиент со нови мотиви и инспирации за уметниците.Впрочем и нивните дела говорат за ова - вели Перо Величковски кустос во Галеријата во Куманово.

      Ова е една од трите најстари македонски колонии во организација на Галеријата при Музејот од Куманово.