Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Се наоѓаме на патниот правец Куманово- Крива Паланка, односно на делницата Куманово - Страцин, кој е дел од Коридорот 8, каде деновиве течат завршните работи како дел од рехабилитацијата на овој исклучително важен правец, како за бизнис заедницата така и за жителите на Куманово“, изјави портпаролот на СДСМ Куманово, Александар Митрички.
Вкупна вредност на овој проект е над 13 милиони евра за делница од 32 км, која се одвива во две фази, со средства обезбедени од буџетот на јавно претпријатие за државни патишта и од ИПА2 програмата.
„Со оваа рехабилитација се обезбедува побезбеден, побрз и модерен патен правец кој воедно е и меѓу народен пат кој не поврзува со соседна Република Бугарија. Владата предводена од СДСМ, како никогаш до сега вложува во регионални патишта околу нашиот град, кои се рехабилитираат по повеќе од 20, односно 30 години. Па, така Куманово сега има обновени патишта кон Свети Николе, а тука особено е значајна и реконструкцијата на Искрин мост, потоа кон Опае и кон Никуштак, кажа Митрички.
Тој додаде дека оваа Влада инвестирала и ќе продолжи да инвестира во важни проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Куманово.
„Владата предводена од СДСМ не инвестира во популистички проекти туку ги следи реалните потреби на граѓаните“, заврши Митрички.