Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Послаб земјотрес со интензитет од 3-4 степени според Европската макросеизмичка скала, утринава околу 2 часот бил почувствуван во Куманово и околината. При тоа не прeдизвикал матерјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил во Централна Србија во градот Краљево со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, а меѓу 7 до 8 степени според Европската макросеизмичка скала. Од силниот земјотрес во Краљево две лица загинале, а 50 се повредени. Во градот биле оштетени многу јавни и приватни објекти, а улиците и дворовите се покриени со црепови од куќите и искршени стакла, додека некои постари куќи се урнати. Утринава во 9.25 часот се почувствувал помал земјотрес поради што граѓаните ги напуштиле своите домови.