Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повозрасна жена денеска претпладне се обиде да се самоубие фрлајќи се од надвозникот на автопатот Куманово-Табановце во населбата Бедиње.
Се работи за В.Ј. (54) од Бабин Дол, која околу 11.30 часот посегнала по сопствениот живот.
Несреќната жена паднала на коловозот на автопатот, по што се здобила со сериозни повреди. Со возило на Брзата помош префрлена е во Општа болница Куманово.
“Има повеќе повреди, има скршеница на карлица, скршеница на еден долен и на еден горен екстремитет. Има повреди по телото, на граден кош, на глава. Поради сериозноста на повредите мора да се упати во терцијална установа за лекување во Скопје “-изјави Методија Димковски, началник на хируршко одделение во Општа болница Куманово.
Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Куманово.