×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жена заболена од туларемија во Опае

    19.03.2015 18:05 | KumanovoNews

    Во кумановскиот регион регистриран е првиот случај на заболен од туларемија.

    Жена заболена од туларемија во Опае

    Се работи за 45 годишна жена од липковското село Опае, кај која симптомите се појавиле уште во јануари годинава. Вчера и микробиолошки било потврдено дека станува збор за туларемија, дознава Кумановоњус.

    Жената најверојатно се заразила од контаминирана храна и вода, бидејќи селото Опае во неколку наврати беше зафатено со поплави. Таа се лекува дома. Нејзините четири деца и сопругот не се заразени од болеста.

    Од Центарот за јавно здравје ги преземаат сите мерки и активности за спречување на ширење на болеста. Утре екипите ќе излезат на терен да земат мостри за анализи на водата од бунарот на семејството, а ќе се изврши и дератизација на теренот.

    Болеста ја пренесуваат заразени глувци, стаорци и зајаци.

    Во други делови на државата има регистрирано десетина случаи на заболени од оваа болест.

    ( Фото: Здравство 24)