Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Зенел Аземи е назначен за в.д. раководител на Фондот за здравствено осигурување во Куманово.
Зенели повеќе од 15 години работел во Секторот на финансии во подружницата на фондот во Куманово.
Тој е член на коалицијата Вреди, коалиционен партнер во Владата.
Зенели доаѓа на местото на Сашо Стошевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше поставен во август минатата година.
Минатата недела Стошевски доби нова функција - директор на Општа болница Куманово, откако беше сменет д-р Стефан Трајановски.
(фото. Фејзбук)