×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Жени пред нервен слом“ на Денови на комедија во Куманово

    07.10.2019 09:16 | KumanovoNews

    Актерската екипа на Театар комедија со претставата „Жени пред нервен слом“, во режија на Иван Лео Лемо, вечерва во 20 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, ќе настапи во рамките на Меѓународниот театарски фестивал  „Денови на Комедија“ во Куманово.

    „Жени пред нервен слом“ на Денови на комедија во Куманово

    Во оваа комедија, работена според најпознатиот шпански филмски режисер Педро Алмодовар, станува збор за животи на луѓето кои поминуваат низ секакви лавиринти, низ „мрачни ходници“, но сепак на крајот се влеваат во океанот на љубовта. Овие алмодоварски персони се секогаш силини, па посилни дури и од смртта или пак посилни од прекинот на љубовната врска која сепак е еден вид на „мала смрт“. Ликовите во оваа драма се ликови кои му пркосат на животот и секогаш газат по тенката линија на животот.

    Актерската екипа е составена од: Жаклина Стевковска Дрнасин, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева, Кристина Ласовска, Марина Поп Панкова, Едмонд Сотир, Александар Вељановски, Илија Илиоски, Валентин Костадиновски, Жарко Димоски, Дритон Вејсели, Тони Денковски и Ева Давчева.