×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените често не ги разбираат предизвиците на менопаузата и не посветуваат доволно внимание на здравјето, сметаат лекарите

    28.09.2024 19:40 | Жаклина Цветковска

    Иако, менопаузата влијае не само на физичкото здравје, туку и на емоционалната и психолошка благосостојба на жените, многу од нив не се доволно свесни за проблемите и често не посветуваат доволно внимание на своето здравје во овој период. 

    Жените често не ги разбираат предизвиците на менопаузата и не посветуваат доволно внимание на здравјето, сметаат лекарите

    Тоа може да биде резултат на социјалните стереотипи, недостаток на информации или просто чувството дека менопаузата е нешто што мора да се издржи без помош.

    Според лекарите, разбирањето на менопаузата е клучно за управување со нејзините симптоми и за прилагодување на новата фаза во животот. Важно е да се поттикне свеста за значењето на редовните прегледи, информирањето за симптомите и достапните терапевтски третмани, што може значително да го подобри квалитетот на животот и да помогне во справувањето со предизвиците. 

    И резултатите од анкетата за менопаузата што ја спроведе Кумановоњуз покажаа дека е потребна  поголема поддршка и достапност до информации за жените кои преминуваат низ овој процес и кои често не знаат како и каде да побараат помош. 

    Доктор Васил Илиев, специјалист по гинекологија и акушерство на Клиниката „Жан Митрев“  потенцира дека само една четвртина од жените бараат лекарска помош за време на менопаузата.
     
    „Иако 70 до 80 проценти од жените во менопауза забележуваат повеќе симптоми како топли бранови  и ноќни препотувања  минливи сензации на топлина, потење, вознемиреност или студ, што трае од една  до 5 минути,  или некоја комбинација од нив, само 25% бараат помош“, посочува д-р Илиев.

    Според него, почетокот на менопаузата е индивидуален. Најчесто настапува меѓу 45 и 55-годишна возраст, но има и жени кои влегуваат во менопауза во 30-тите или 60-тите години од животот. Се смета дека просечната возраст на која жените стапуваат во менопауза е 51 година. 

    „Со опаѓање на нивото на естроген, терморегулационата зона на терморегулациониот центар во  мозокот се стеснува, што доведува до опишаните симптоми кај  жената“, вели д-р Василев за менопаузата. 

    Во овој период се зголемуваат ризиците за остеопороза, за кардиоваскуларни заболувања и когнитивен пад, , па како што вели Илиев, жените во менопауза мора да внимаваат и на здравјето на кардиоваскуларниот систем и да почнат со редовни кардиолошки прегледи за да спречаат посериозни компликации.Затоа, е  многу полезно жените да се информираат што точно ги очекува во менопаузата, како и за различните опции кои им стојат на располагање во случај да им биде потребна помош за полесно поднесување на симптомите и евентуалните последици.

    Д-р Горан Младеновски  гинеколог-акушер од Крива Паланка објаснува дека со започнувањето на оваа транзиција, многу жени се соочуваат со предизвици и непознати аспекти на своето здравје. 

    „Жените најчесто се жалат на напливи на топлина, неконтролирано потење и зголемување на телесната тежина. Овие симптоми се најприсутни поради хормонските промени што се случуваат во организмот. Намалувањето на естрогенот може да предизвика пореметувања во терморегулацијата, што води до напливи на топлина. Исто така, метаболичките промени можат да резултираат во зголемување на тежината“, посочува д-р Младеновски.

    Симптомите можат да траат од неколку месеци до неколку години, вели тој. Кај многу жени тегобите се ублажуваат по 2-3 години, но некои може да се соочат со нив и подолго време. Доктор Младеновски препорачува жените да се обратат на гинеколог доколку  се соочуваат со интензивни симптоми кои значително го нарушуваат нивниот квалитет на живот. Секојдневните потешкотии, како што се проблемите со спиењето или емоционалните промени, се добар знак за посета на лекар.

    Но, она што е особено важно, според Младеновски, е  да се истакне дека менопаузата не е крај, туку нов почеток од животот.  Исто така, тој упатува и на користење хормонска трапија , иако многу жени се плашат од несакани ефекти и најчесто одбегнуваат да ја користат.

    „Разбирањето на симптомите и знаењето за опциите за третман може да направи огромна разлика во здравјето и квалитетот на живот кај жените. Хормонската  терапија е еден од начините за ублажување на симптомите и за одржување на коскената и кардиоваскуларната здравствена состојба, кои се во најголем ризик во овој животен циклус на жените. Таа може да биде многу ефикасна во управувањето со симптомите на менопаузата, а безбедноста зависи од индивидуалната ситуација на пациентката“, смета д-р Младеновски.

    За време на менопаузата, важно е да се воведе и здрава исхрана, богата со овошје, зеленчук, целозрнеста храна  и здрави масти. Физичката активност, како што се кардио вежбите, исто така помагаат  во одржување на телесната тежина и подобрување на расположението. Некои жени наоѓаат олеснување и преку алтернативни терапии, како што се акупунктура, хомеопатија и фитотерапија. Иако научните докази за ефикасноста на овие третмани се ограничени, многу жени пријавуваат позитивни резултати.

    Според стручните лица и семејствата играат клучна улога во овој период за жените, за да  не се чувствуваат осамени и беспомошни, без поддршка од најблиските.   

    „Разбирањето  на членовите на семејството за симптомите и начините на  кои можат да помогнат и да дадат поддршка на жената,  може значително да ја подобри динамиката на семејните односи. Поддршката и разбирањето од најблиските создава чувство на безбедност и емпатија“, вели д-р Младеновски.

    Според него, програмите за едукација и поддршка можат да создадат простор жените  да споделуваат искуства, информации и решенија. Работилниците, предавањата  и групните  терапии, исто такасе  одличен начин за размена на знаења и поддршка.