×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пријавените да доѓаат на термините за мамографија или навреме да ги откажат за да не пропаѓаат, велат од Кумановската болница

    25.11.2024 12:57 | Оливера Пешевска

    Од десет жени кои во петокот имале закажан термин за бесплатна мамографија во рамки на скрининг програмата на Министерството на здравство се јавила само една во Кабинетот за дојка, во Општа болница Куманово.

    Пријавените да доѓаат на термините за мамографија или навреме да ги откажат за да не пропаѓаат, велат од Кумановската болница

    Радиолозите велат дека тоа претставува голем проблем, бидејќи пациенти  кои со месеци чекаат за преглед не можат да дојдат на ред од они кои го зафатиле термините и потоа не ги искористуваат. Поради тоа апелираат до граѓаните за поголема одговорнот, како кај пациентите така и од  матичните лекари.

    „Постои сериозен проблем. Дел е поради неодговорност на пациентките, а друго се  неажурираните телефонски броеви кај матичните лекари. Често кога се обидеме да се јавиме на мобилен на некоја жена која има термин добиваме автоматска порака дека бројот не постои. Тоа не е фер ниту према колегите- радиолози, а секако и многу повеќе кон оние пациентки кои имаат потреба од ова дијагностичко снимање, а никако да добијат термин“, вели Владимир Симоновски, главен медицински техничар во болницата.

    Симоновски вели дека ќе испрати допис до Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да побараат од приватните здравстени установи да ги ажурираат своите списоци. Ова не е само проблем на Кабинетот за дојка, туку за сите одделенија кои работат на принципот на „Мој термин“ во Болницата.

    Тие пред некој ден препознале една пациента и ја исконтактирале, при што жената рекла дека не добила порака за снимање, па ги замолола да ја почекаат и го завршила снимањето.

    Според податоците на Кабинетот за дојка во Куманово од почетокот на скрининг програмата на Министерството за здравство направени се 388 мамографски прегледи, заклучно со 31 октомври.

    Програмата продолжува и понатаму, а сите заинтересирани можат да се пријават  на https://skrining.zdravstvo.gov.mk/screeningapplication.

    Програмата е наменета за жени на возраст од 40-69 години, кои не се оперирани од карцином на дојка, и кои последните две години не направиле мамографија. 

    Мамографијата се смета за најсигурен начин за детекција на промени во ткивата и жлездите на дојките, и е водечка дијагностичка метода во рана детекција на промени кои би можеле да доведат до малигни промени.