Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Локалниот клуб на жени на СДСМ, утре организира пикник во селото Скачковце. За своите членки, симпатизерки и сите заинтересирани сограѓанки пикникот ќе биде во дворот на црквата Света Тројца.
Поканети се да присуствуваат и жените на локалните клубови на СДСМ од Скопје, Тетово, Крушево, Битола и коалиционите партнерки од Куманово. Традиционално покрај дружењето на пикникот ќе споделиме искуства и идеи за понатамошните активности на партијата, а ќе се разговара и за актуелните случувања во државата - вели претседателката Снежана Захариева.
За сите заинтересирани обезбеден е ручек и превоз во 10 часот од пред зградата на Комитет.