×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените најчесто малтретирани од сопрузи алкохоличари

    27.11.2012 11:15 | KumanovoNews

     Над 30 жртви на семејно насилство се јавуваат годишно на СОС линијата во Куманово. Еден процент од нов се мажи, а останатите се жени на сите возрасти.

    Жените најчесто малтретирани од сопрузи алкохоличари

    Од тимот кој работи на СОС линијата велат дека жените најчесто бараат помош, поради физичка и психичка тортура на мажите во алкохолизирана состојба. Проблем за овие лица е и тоа што нема центар во кој стручен тим би работеле со насилниците и со другите членови од семејството.

    - За разлика од порано, сега ни се јавуваат и жени од рурални средини што значи дека нашите кампањи дали резултати. На жената и треба да се изолира од средината каде била малтретирана, а потоа економски да се осамостои. Но бидејќи немаат излез жените се враќаат назад - вели Соња Арсовска, застапник на СОС линијата за жртви на насилство.

    Таа објаснува дека поретко се случува мажите да побараат помош поради насилство.

    - Мажите кои се невработени кажуваат дека жените нив им префрлаат дека седат дома, дека не придонесуваат за семејството. Откако ќе останат без плата, жените со нив не комуницираат, не сакаат да ги исполнуваат брачните обврски, ги бркаат од дома и децата се против нив. А има градежници и сезонски работници, луѓе кои десет години се без работа. Овдека е прифатено традиционалното сфаќање дека мажот мора да носи пари дома и тоа понекогаш жените го злоупотребуваат - објаснува Арсовска.

    Таа додава дека СОС линијата наскоро ќе функционира на интернет, бидејќи во денешно време електронската комуникација е општо прифатена.

    Почнувајќи од вчера па се до 10 ноември трае кампањата за превенција од насилство.