Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска одржал празничен состанок со дел од раководителките во Општина Куманово, а сите вработени во општинската администрација им врачил подароци, по повод Денот на жената - 8 Март.
„Особено сум горд што жените се 44 отсто од општинската администрација, тие се една од главните алки во Општина Куманово за домаќинско и успешно работење во нашата институција. Три многу значајни сектори во Општината ги водат жени, а и претседател на Советот на Општина Куманово е жена. Жените се значаен дел од тимот и секојдневно заеднички креираме, дебатираме и носиме локални политики кои имаат за цел да го подобрат животот на сите кумановци“, кажа Димитриевски.
Тој вели дека ќе се грижи подеднакво за сите вработени во општината, и ќе се залага за родова еднаквост и создавање на подобри услови и можности за работа.
По повод празникот на жената градоначалникот ги посети штитеничките во Домот за стари лица Зафир Сајто и им подари цвеќе.