Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставници на женски невладини организации од градот утре во Скопје ќе учествуваат на дебата на тема “Како до ресурси за родова еднаквост“.
Целта на дебатата е да се претстават наодите од проценката од досегашното спроведување на Стратегијата за воведување на родово одговорно буџетирање во Република Македонија за 2012 - 2013 година. Ќе се разменат мислења за можностите и начините на кои институциите и граѓанските организации можат да влијаат за остварувањето на нејзините цели.
Оваа активност е дел од проектот на Акција Здруженска „Проценка на присуството на родот во буџетското планирање во РМ“, овозможена со поддршка од програмата Цивика Мобилитас, која е имплементирана од Центарот за Институционален Развој – ЦИРА и финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка.