Жештината ги скрати часовите во училиштата
12.09.2011 12:53
| KumanovoNews
Поради високите температури кои деновиве ја зафатија државата, следните три дена наставата во основните и средните училишта ќе се одвива до 12 часот.

Оваа одлука Министерството за образование ја донело по препорака на Министерството за здравство.
До колку температурите не се намалат дo четврток, скратената настава ќе биде продолжена.