Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Помош барале хронично болни пациенти, поради висок крвен притисок, белодробни заболувања и главоболки.
Во Итната медицинска помош во Куманово во последнмите неколку дена зголеме е бројот на интервенции. Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 20 повици, а вообичена бројка е од 10 до 15. Најголем број биле пациенти кои се хронично болни, со висок крвен притисок, белодробни заболувања и главоболки. Нема регистрирана интервенција поради скршеници на отворен простор. Лекарите советуваат граѓаните кои немаат потреба да не излегуваат на студот.
Поради завеаноста на патиштата возилата на Брза помош се ограничени во движењето, па за повисоките места и селата се користи лада нива.