×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемен број на пожари во Кумановско, намерно се палат сува трева и шума

    24.03.2022 14:55 | Жаклина Цветковска

    За само една недела на подрачјето на Кумановско се регистрирани 18 пожари од страна на ТППЕ Куманово. Зголемениот број на пожари е невообичаен за овој временски период, а пожарникарите сметаат дека опожарувањата се резултат на човечки фактор и намерно палење на површините.

    Зголемен број на пожари во Кумановско, намерно се палат сува трева и шума

    „Само во текот на вчерашниот ден имавме 7 интервенции. Имаше два пожари во Доброшане, потоа во Долно Којнаре, селата Руница и Сушево, еден пожар во село Орах, Старо Нагоричане, а интервениравме и во гаснење на опожарено товарно возило на ул. Биљановска во Куманово. Причината е несомнено човечки фактор кој пали сува трева и шума и ова редовно се повторува ако не секоја година, тогаш секоја втора или трета година.Не би можеле да кажеме дека се работи за временски неприлики, кога се уште имаме минусни температури, дож и снег на планините“, вели Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.

    Индикациите дека граѓаните намерно ги палат површините ги поткрепува со тоа што сите регистрирани пожари се на отворен простор.

    „Причините зошто луѓето ги палат намерно нивите и шумите се различни. Но, главно се пали сува трева за да се обнови земјиштето со нова чиста трева, а шумата се опожарува за да има потоа за сеча“, појаснува Илиевски.

    Тој информира дека на подрачјето на Кумановско годишно се регистрираат од 600-700 пожари, а лани во месец август во еден ден имале дури 28 интервенции.

    Илиевски апелира граѓаните да се воздржуваат од палење на оган на отворен простор за да не се нанесува штета на плодните површини и шумски појаси.