×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемен број на заболени од грип во кумановскиот регион

    26.01.2024 08:00 | Оливера Пешевска

    Последнава недела се регистрирани 104 случаи на грип и респираторни заболувања слични на него во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, соопштуваат од Центарот за јавно здравје Куманово. 

    Зголемен број на заболени од грип во кумановскиот регион

    Бројката е прилично зголемена, ако се земе во предвид дека во сезоната 2023/2024 година досега се забележани вкупно 290 случаи.

    Вирусните заболувања ги пријавуваат матичните лекари и инфективното одделение на Општа болница Куманово, но многу заболени се лекуваат на своја рака во домашни услови, па остануваат незабележани.

    „Во третатта недела на новата година броиме 104 пријавени случаи на грип и слични заболувања, што е голема бројка ако се земе дека до сега имаме бројка од 290 лица. Со почетокот на второто полугодие во училиштата можно е бројот на заболени дополнително да расне“, истакна епидемиологот д-р Едита Рамизи,од ЦЈЗ Куманово.

    Од почетокот на годината се забележани 191 случај, и тоа по периоди- во првите седум дена 39, во втората недела 48 и веќе спомантите 104 случаи.

    Возрасната група од 15-64 година е најзастапена со 200 заболени, по 39 регистрирани случаи има кај оние од 5-14 година и оние над 65 годишна возраст, додека помалите од 4 години се застапени со 12 случаи.

    „Остануваат препораките да се носат заштитни маски во здравствените установи или заболените да се самоизлоираат во домашни услови. Се уште не е доцна да се вакцинираат заинтересираните, особено оние кои се изложени на можно заразување. Хигиенските навики се подразбираат- редовно миење на раце, избегнување на контакт со други лица, повеќе одмор, течна и лесна храна, храна богата со витамини и минерали или суплементи, редовно проветрување на просторот“, потенцира д-р Рамизи.

    Грипот и останати респираторни заболувања започнува да се следи во 40-та недела од годината, некаде на почетокот на ноември, но секогаш има извесен број на случаи кои остануваат под радарот. Тоа се полесни форми на заболување, кои не бараат медицинска помош и остануваат нерегистрирни од лекарите. За сите посериозни симптоми граѓаните треба да побараат стручна, лекарска помош.