Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
320 лица заболени од акутна дијареа и труење со храна се евидентирани во Центарот за јавно здравје во текот на овој месец.
Минатата година во овој период биле регистрирани 305 лица, што значи дека нема големи одстапувања од вообичаениот просек.
"Најчесто станува збор за деца, но заболуваат и повозрасни лица. Симптомите се дијареа, општа малаксаност, гадење и повраќање, а можна е и појава на зголемена телесна температура"- вели епидемиолог Предраг Георгиевски од Центарот за јавно здравје.
Лекарите препорачуваат граѓаните да го зголемат нивото на лична хигиена, миење на овошјето и зеленчукот и правилно да ја чуваат храната, како би се заштитиле од овие заболувања. Досегашните пациенти се со лесна клиничка слика.
"Заболувањето трае два до три дена и поминува без посериозни последици ако редовно се зема пропишаната терапија од матичните лекари. Освен превентивните мерки кои треба да се практикуваат веднаш по првите симптоми потребно е и внесување на што поголеми количини на течности "- додава Георгиевски.
Од Ценатрот за јавно здравје информираат дека оваа заболување карактеристично за летниот месеци, својата кулминација ја достигнува во јули и август.