Зголемен водостој на реките во регионот, но нема опасност од излевање, велат од ЦУК
27.01.2026 13:59
| KumanovoNews
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека нема опасност од излевање на реките во Североисточниот регион, иако по обилните врнежи од дожд е зголемен нивниот водостој.
„Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема опасност од излевање на реките. Во општините Крива Паланка и Ранковце нивото на Крива Река е зголемено, но нема излевање ниту пријавени штети. Во општина Кратово нема штети, а зголемениот водостој на Кратовска и Крива Река е во рамките на коритата“, соопштија од ЦУК.
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Крива Паланка 39л/м2, а во Куманово 17 литри.