Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово има зголемена бучава предизвикана од автомобилите, покажале мерењата на Центарот за јавно здравје Куманово направени минатиот месец.
Бучавата е мерена на десет крстосници во градот, четири пати во различни периоди од денот. Освен возилата, бучава предизвикува и големата фреквенција на луѓе.
“На сите мерни места бучавата ги надминува граничните вредности, имаме зголемена бучава. И претходните мерење го покажаа истото. Се работи за бучава во надворешна средина, пред се бучава од сообраќајот, но исто така и бучава од луѓе, движење по улиците, но сепак доминантна е бучавата од возилата“ - вели Мимоза Величковски од Центарот за јавно здравје.
Величковски објаснува дека општината има софтвер, со кој ќе се направат стратешки карти за бучава и ќе се утврди колку населението е изложено на бучава.