Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Т.М. од селото Пчиња е пренесен во Кумановската болницата откако се здобил со повреди, додека гаснел пожар на плевна.
Несреќата се случила вчера во 4 часот по полноќ, кога сопственикот се обидел да го изгасне огинот што ја зафатил помошната просторија во која се наоѓала земјоделска механизација и жито.
„Вчера во 05.08 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во помошен објект во село Пчиња, кумановско. Во пожарот сопственикот на објектот Т.М. се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош“, соопшти МВР.
Од Територијалната противпожарна екипа информираат дека пожарот кај нив бил пријавен во 04.05 часот, а го гаснеле до 06.30 часот. Интервенирале со 3 ПП возило и 6 пожарникари, а во пожарот во плевната опожарени се земјоделски машини, жито и други предмет во вредност од околу 420 илјади денари.
Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот го изгаснале, а СВР Куманово извршила увид на место на настанот.