Жител на Ваксинце фатен додека превезувал мигранти
27.12.2014 15:30
| KumanovoNews
Жител на липковското село Ваксинце пред три дена е фатен додека превезувал мигранти.

Ј.А.(49) од Ваксинце во возило “Фиат Мареа“ со кумановски регистраски ознаки превезувал мигранти. На патот Куманово - Лојане, поточно пред село Ваксинце околу 15.15 часот го стопирала полиција, при што во возилото пронашле тројца мигранти од Сирија, кои не поседувале документи за идентификација.
На Ј.А. изречена му е мерка притвор во траење од осум дена и ќе одговара за сторено кривично дело криумчарење мигранти.